ИМА СОГЛАСНОСТ ОД КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ ДА ГО ОДЛОЖОТ ПРЕКИНОТ НА РЕЕЕМИТУВАЊЕ НА ТЕЛЕВИЗИИТЕ, ТВРДИ ВЛАДАТА

    ИМА СОГЛАСНОСТ ОД КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ ДА ГО ОДЛОЖОТ ПРЕКИНОТ НА РЕЕЕМИТУВАЊЕ НА ТЕЛЕВИЗИИТЕ, ТВРДИ ВЛАДАТАОператорите се заканија дека од 2 март ќе ги исклучат сите домашни и странски ТВ канали, освен МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал (Фото: СДК.МК

    Владата тврди дека „има согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали“, по средбата што премиерот Оливер Спасовски и министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски вчера ја имаа со кабелските оператори.

    Кабелските оператори на 27 февруари најавија дека од 2 март ќе ги исклучат сите домашни и странски ТВ канали, освен МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал. Од Здружението на кабелски оператори нема соопштение за средбата во Владата, ниту пак потврда дека нема да ги исклучат телевизиите.

    Во соопштението од владината служба за односи со јавноста од средбата во Владата со претставниците на Здружението на информатичко-комуникациски технологии се вели дека „е разговарано за сите аспекти на и што произлегуваат од измените на Законот за аудио и аудивизулени и медиумски услуги“ и дека „е констатирано е дека постојат можности да се дојде до заедничко решение во скоро време“.

    Заканата за исклучување на сите ТВ канали доаѓа по последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги, што Собранието ги донесе на денот на распуштањето.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира