ИМАМЕ 3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ, НЕМА НИКАКОВ РИЗИК ПО СТАБИЛНОСТА НА КУРСОТ НА ДЕНАРОТ, КАЖА ГУВЕРНЕРКАТА НА НАРОДНАТА БАНКА АНГЕЛОВСКА-БЕЖОСКА

    ИМАМЕ 3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ, НЕМА НИКАКОВ РИЗИК ПО СТАБИЛНОСТА НА КУРСОТ НА ДЕНАРОТ, КАЖА ГУВЕРНЕРКАТА НА НАРОДНАТА БАНКА АНГЕЛОВСКА-БЕЖОСКАГувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска апелираше граѓаните да ги избегнуваат експозитурите за да си го заштитат здравјето и побара од граѓаните повеќе да користат електронско банкарство. (Фото: СДК.МК)

    Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на денешната прес-конференција за економските мерки за помош на стопанството за време на епидемијата на КОВИД-19 кажа дека макроекономската состојба во државата е стабилна во услови на ниска инфлација, високи девизни резерви и силен банкарски сектор.

    „Имаме девизни резерви од 3 милијарди евра, двојно повеќе од нивото во 2008 година кога почна светка економска криза. Не постои апсолутно никаков ризик по стабилноста на девизниот курс“, кажа Ангеловска-Бежоска.

    Таа рече дека банките ќе продолжат да работат, но апелираше граѓаните да ги избегнуваат експозитурите за да си го заштитат здравјето и побара од граѓаните повеќе да користат електронско банкарство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира