Нов ангиографски систем за интервентни радиолошки процедури, кој е единствен во приватниот и државниот сектор кај нас и во соседните држави, пуштен е во употреба на Институтот за радиологија.
Апаратот е во вредност од 47.2 милиони денари, набавен со средства од Министерството за здравство. Министерот за здравство Беким Сали изјави дека може да се користи за изведување на сите радиолошки, невролошки, како и кардиолошки интервентни процедури.
Ж. ЗДРАВКОВСКА