ИРЛ ЈА ДОБИ ГОДИШНАТА НАГРАДА ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО „ЈАШАР ЕРЕБАРА“ НА ЗНМ

    ИРЛ ЈА ДОБИ ГОДИШНАТА НАГРАДА ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО „ЈАШАР ЕРЕБАРА“ НА ЗНМПокрај трите главни награди, ЗНМ годинава додели уште 5 специјални признанија. (Фото: К. Попов)

    Здружението на новинарите на Македонија годишната награда за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ ја додели на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), за документарната емисија „Нечиста крв“, објавена на МРТВ. Наградата за новинарско известување на теми од локално и регионално значење ја понесе Аднан Ќаили за дивата рафинерија во село Костурник, објавена на ТВ Алсат.

    Годинешен добитник на наградата за животно дело е доајенот Драган Ѓорговски од МРТВ.

    Комисијата во состав Соња Колевска-Делевска, Среќко Поповски и Ријад Мурати покрај редовните награди, одлучи да се додели и една плакета за посебен придонес кон професионалното новинарство, за известување од војната во Украина на Кристина Атовска и уште четири признанија за посебен придонес во професионалното истражувачко новинарство на Фросина Димевска, Петар Клинчарски, Ирена Мулачка и на Мартин Пушевски.

    Годинава имаше вкупно 42 пријави од кои 18 апликации за наградата новинарско истражување на теми од локално и регионално значење, 17 за наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство и уште 7 пријави за наградата за животно дело.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира