Судијата Иван Џолев е избран за претседател на Основниот суд Скопје 1. Со тоа, по две години менаџирање на најголемиот суд во Македонија од страна на вршители на должност претседател на Кривичниот суд, во кој што се наоѓа и одделот за организиран криминал и корупција, доби нов претседател.
За Џолев гласаа 11 од вкупно 13 членови на Судскиот совет. Претходно, неколку дискутанти од Советот најавија дека претседателот нема да се бира според највисоките бодови, туку и по тоа колку има менаџерски способности, поседува интегритет, колку може да ги организира и мотивира судиите во Основниот суд Скопје 1, колку може да одолее на притисоците и да ги тргне лошите прекари што ги доби овој суд последните неколку години.
С. К. ДЕЛЕВСКА