ИВАНОВ ДА ИМ ОВОЗМОЖИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ДА ФОРМИРААТ ВЛАДА, ПОРАЧА ХОЈТ ЈИ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Загреб,(Мета)

    ИВАНОВ ДА ИМ ОВОЗМОЖИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ДА ФОРМИРААТ ВЛАДА, ПОРАЧА ХОЈТ ЈИ

    САД се надеваат дека претседателот Ѓорге Иванов ќе му овозможи на парламентарното мнозинство да формира влада што е можно побрзо, кажа денеска во Загреб заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Хојт Брајан Ји, пренесува агенцијата „Мета“.

    Тој ги повика сите страни во Македонија да бидат подготвени на компромис и да се формира нова постизборна влада.

    „Искрено се надеваме дека македонскиот претседател ќе им овозможи на пратениците кои изразија желба за тоа и на партиите што тие ги претставуваат да формираат влада што е можно поскоро, бидејќи на Македонија ѝ треба влада која ќе ги продолжи и ќе ги доврши почнатите процеси во рамки на претпристапниот процес на Европската Унија“, изјави Ји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира