ИВАНОВ ЈА ПРЕДЛОЖИ ВИЦЕГУВЕРНЕРКАТА АНГЕЛОВСКА-БЕЖОСКА ЗА ГУВЕРНЕРКА НАМЕСТО БОГОВ

    ИВАНОВ ЈА ПРЕДЛОЖИ ВИЦЕГУВЕРНЕРКАТА АНГЕЛОВСКА-БЕЖОСКА ЗА ГУВЕРНЕРКА НАМЕСТО БОГОВГувернерот на Народна банка го предлага претседателот, а го избира Собранието. - Претседателот Ѓорге Иванов за време на новогодишно обраќање во Собранието (Фото: СДК.МК)

    Претседателот Ѓорге Иванов ја предложи Анита Ангеловска – Бежоска, актуелна вицегувернерка во Народната банка, за нова гувернерка на НБРМ, откако денеска добил писмено известување од Димитар Богов дека се повлекува од кандидатурата за гувернер на НБРМ, соопштија од кабинетот на претседателот.

    Ангеловска-Бежоска е осум години на функцијата вицегувернерка во НБРМ, задолжена за областите монетарна политика, истражување и статистика. На предлог на актуелниот гувернер Богов, на 20 септември минатата година во Собранието на Република Македонија, со 97 гласа „за“ во Собранието беше реизбрана за вицегувернерка на НБРМ.

    Мандатот на Богов како гувернер на НБРМ завршува на 20 мај.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари