Претседателот Ѓорге Иванов задутре ќе се сретне со заменик помошникот Државен секретар на САД Хојт Ји, иако претходно тврдеше дека нема време за него, потврдија од Амбасадата на САД во Скопје.
„Хојт Брајан Ји, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија ќе ја посети Република Македонија на 30 април и 1 мај 2017. Заменикот помошник државен секретар Ји ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерите на политички партии Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Билал Касами, Весел Мемеди, и Мендух Тачи, како и со претставници на граѓанското општество и дипломатската заедница. На состаноците ќе се разговара за статусот на формирање на влада, билатералните односи, и реформите потребни за евро-атлантска интеграција”, соопштија од Американската амбасада.
Пред три дена, од кабинетот на Иванов кажаа дека до нив е упатено барање за средба со Хојт Ји, но „со оглед на претходно утврдените обврски претседателот Иванов нема можност за реализација на таква средба”.