Претседателот Ѓорге Иванов кажа дека донел одлука да не го потпишува Указот за прогласување на Законот на употреба на јазиците, усвоен од Собранието на 11 јануари.
Иванов, во обраќањето од претседателската резиденција, кажа дека европското знаменце е злоупотребено за со просто мнозинство да се донесе закон со кој се менуваат системски закони кои се носат со двотретинско мнозинство.
Тој рече дека го известил Собранието за неговата одлука и, како што кажа, во писмото до парламентот се наоѓа деталното правно образложение на одлуката.
Откако законот ќе се врати во Собранието, ако биде повторно биде изгласан без измени, претседателот нема право на второ вето.