ИВАНОВ ПАК ГО ПРЕДЛОЖИ БОГОВ ЗА ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА

    ИВАНОВ ПАК ГО ПРЕДЛОЖИ БОГОВ ЗА ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКАДимитар Богов е гувернер на Народна банка на Република Македонија од 2011 година. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот Ѓорге Иванов го достави до Собранието предлогот Димитар Богов да биде реизбран за гувернер на Народната банка на Република Македонија, соопштија од претседателскиот кабинет.

    Од претседателскиот кабинет велат дека Иванов во изминатите два месеца извршил консултации со Сојузот на Стопански Комори, Стопанската комора на Македонија, Здружението на банкарството,  МАНУ и со други релевантни фактори од оваа област со цел Република Македонија да добие гувернер кој најодговорно ќе ја извршува оваа значајна функција. Изборот паднал повторно на Богов, кој е гувернер на Народната банка на Република Македонија од 2011 година, и ќе добие нив седумгодишен мандат, ако биде изгласан во Собранието.

    „Водењето на монетарната политика и севкупното централнобанкарското работење во нашата држава, во континуитет е позитивно оценувано во извештаите на Европската комисија за напредокот на Македонија. Од 2015 година па наваму, Народната банка на Република Македонија, според оценките на ЕК бележи одличен напредок во остварувањето на своите цели и задачи, во согласност и со законодавството на ЕУ. Во тој контекст особено е нотирано постигнувањето и одржувањето на ценовната стабилност, одржувањето на девизните резерви, одржувањето на фиксен девизен курс на денарот во однос на еврото и користењето на операциите на отворениот пазар и задолжителната резерва. Позитивно се оценува и усогласувањето на правната рамка на монетарната политика со легислативата на ЕУ, и активностите за обезбедување на функционална и институционална независност на централната банка“, се вели во соопштението.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира