ИВАНОВ ВЕЛИ ДЕКА И ИСУС И МУХАМЕД БИ ГИ УБИЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:25:"Сараево(МЕТА)

    ИВАНОВ ВЕЛИ ДЕКА И ИСУС И МУХАМЕД БИ ГИ УБИЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА

    Модераторот на панелот на денешниот самит на процесот „Брдо-Бриони“ во Сараево му постави прашање на претседателот Ѓорге Иванов: „Како Александар Македонски денеска би се снашол во бизнисот во Македонија,“ на што тој одговори: „И Исус Христос да се јави ќе го убијат“.

    „Исто важи и за Мухамед. И тој да се јави ќе го убијат. Не е неопходна сила, туку ум. Умот војува. Александар Македонски бил тоа што бил затоа што имал учител кој се викал Александар (Иванов најверојатно прави лапсус, мислејќи на Аристотел), кој го научил се, да биде трпелив, да се учи од другиот, да го искористите моментот и да бидете подготвен на жртви“ одговори Иванов.

    Говорејќи за односот на Европската Унија кон Македонија, Иванов истакна дека „стоиме во место бидејќи судбина ни било да имаме сосед со кој не може да излезе на крај ниту цела Европска Унија, ниту целиот свет. Се вика Грција.“

    „А сакаат ние со нив да излеземе на крај, да најдеме решение за нешто што е наш идентитет и наша посебност, да менуваме име, идентитет, јазик, топоним. Кој ќе каже дека „Т’ га за југ“ не е македонски бренд, кој ќе каже дека музика од Македонија не е македонска музика, дека ајварот не е македонски продукт. Сакате сето тоа да ни го земете. Не го даваме“, одговори Иванов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира