Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Иво Котевски денеска напладне дојде во Специјалното јавно обвинителство на распит за случајот „Талир“, во кој осомничени се високи функционери на партијата за нелегално финансирање и перење пари.
Пред Котевски, денеска во СЈО дојде и поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, кој е осомничен во случаите „Тврдина“ и „Тврдина 2“, а поканети се уште лидерот на партијата Никола Груевски, Илија Димовски, Кирил Божиновски и Мартин Проѓогер.
Во петокот, на распит во СЈО дојдоа генералниот секретар на партијата и поранешен технички премиер, Емил Димитриев, пратеничката Даниела Рангелова и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.