ЈАНКУЛОСКА ПОВТОРНО НА РАСПИТ ЗА УНИШТУВАЊЕТО НА ПРИСЛУШНАТА ОПРЕМА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЈАНКУЛОСКА ПОВТОРНО НА РАСПИТ ЗА УНИШТУВАЊЕТО НА ПРИСЛУШНАТА ОПРЕМА

    Денеска во Основниот суд Скопје 1, на распит пред судија ќе излезат осомничените од случајот „Тврдина“, јави агенцијата Мета.

    Судијката Александра Поп-Стефанија, во присуство на обвинител од Специјалното јавно обвинителство, денеска ќе ги сослушува осомничените Горан Грујовски, началник на петтата управа во УБК, Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи, која е веќе пристигната во судот, и уште тројца осомничени кои се товарат за уништување на опремата за прислушување.

    Судијката повторно ќе одлучува по барањата на Специјалното јавно обвинителство за притвор на Горан Грујовски и за мерките за претпазливост против другите осомничени во случајот „Тврдина“, откако Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја прифатил жалбата на СЈО и ја укинал претходната одлука на судијката Александра Поп-Стефанија.

     

    Судијката на претходна постапка, Александра Поп-Стефанија, претходно ги отфрли барања на СЈО за притвор и за мерки на претпазливост и ја оспори надлежноста на СЈО за предметот „Тврдина“.

    Од СЈО тогаш одговорија дека станува збор за одлука во која има апсурдни и нелогични тврдења.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари