ЈАПОНСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ ОТВОРЕНА СО КРШЕЊЕ БУРЕ СО САКЕ

    ЈАПОНСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ ОТВОРЕНА СО КРШЕЊЕ БУРЕ СО САКЕКагами бираки е церемонија која се изведува на свечени прослави. Со дрвен чекан се крши капак од буре со саке и се служи на сите присутни. Кагами се однесува на капакот од бурето саке, а бираки значи „да се отвори“. - Јапонската амбасадорка Кеико Хаеда и државниот министер за надворешни работи Казујуки Накане (Фото: Ѓ. Личовски)

    Јапонската амбасада во Скопје денеска беше свечено отворена со традиционална церемонија на кршење буре со саке. За свеченоста од Јапонија пристигна државниот министер за надворешни работи Казујуки Накане, кој заедно со амбасадорката Кеико Хаеда, ја изведе церемонијата „кагами бираки” – кршење буре со саке и наздравија за успешно продолжување на билатералните односни помеѓу двете земји.

    По свечената церемонија, државниот министер Накане заедно со министерот за здравство Арбен Таравари ќе ја посети Клиниката за гастроентерохепатологија каде ќе се одржи официјално предавање на најсовремен апарат за абдоминална дијагноза и ултразвук, донација од народот на Јапонија.
    Амбасадата на Јапонија во Македонија официјално започна со работа на 1 јануари 2017 година.
    

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира