И ЈАС БИ САКАЛА ДА ИЗГЛЕДАМ КАКО СИНДИ КРАФОРД, ИМ ПОРАЧА ДОРА БАКОЈАНИ НА ДЕМОНСТРАНТИТЕ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА

    И ЈАС БИ САКАЛА ДА ИЗГЛЕДАМ КАКО СИНДИ КРАФОРД, ИМ ПОРАЧА ДОРА БАКОЈАНИ НА ДЕМОНСТРАНТИТЕ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈАНе се случува често супермодел да се спомене во контекст на меѓународен дипломатски спор, но тоа го направи грчката пратеничка Дора Бакојани. - Дора Бакојани; Синди Крафорд

    Поранешната грчка министерка за надворешни работи Дора Бакојани јасно кажа дека е против протестите во Грција на илјадници нејзини сограѓани, кои не сакаат терминот „Македонија“ да се содржи во идното име на Македонија.

    Бакојани, која сега е пратеничка во грчкиот парламент од опозициската Нова Демократија, за таквите ставови вели дека се само пусти желби, наспроти реалноста и во тој контекст го спомена американскиот супермодел Синди Крафорд.

    „Искрено, јас би сакала да изгледам како Синди Крафорд, но…“, кажа таа во емисија на грчка телевизија, сугерирајќи дека таквите ставови се нереални.

    Сестрата на лидерот на Неа Демократија Кирјакос Мицотакис поддржува терминот „Македонија“ да биде вклучен во идното име на Македонија, но нејзин став е дека треба да има и промени во македонскиот устав за, како што вели таа, да се елиминираат сите иредентистички членови.

    „Не знам како можат протестите да придонесат за какво било решавање на спорот“, додаде таа, одговарајќи на прашање дали нејзините колеги пратеници треба да учествуваат на протестот во Атина во недела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира