ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ ДА БИДАТ ТРАНСПАРЕНТНИ И ЕФИКАСНИ, ЗА ДА МОЖЕ МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ

    ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ ДА БИДАТ ТРАНСПАРЕНТНИ И ЕФИКАСНИ, ЗА ДА МОЖЕ МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУМинистерот за финансии Драган Тевдовски, на завршната конференција од проектот, рече дека експертите кои ја виделе стратегијата за реформи подготвена преку проектот кажале дека таа е преамбициозна, но дека приорите на оваа Влада ќе биде реформите да се спроведат

    Акционен план за реформи во јавните финансиии за период од 2018 до 2021 година, предлог закон за буџети, план и стратегија за средорочно буџетирање, се дел од резултатите од твининг проектот „Зајакнување на среднорочното буџетирање за ефикасно управување со јавните финансии“, што Министерството за финасии го реализираше со Институтот за менаџмент во јавниот сектор од Финска, а финансиски е подржан од Европската Унија.

    Никола Бертолини , од делегацијата на Европската Унија, кажа дека се посветени да ја поддржат Владата во спроведување на реформите, бидејќи фискалната транспарентности и фискалната контрола се многу битни, како и зголемување на ефикасноста од трошењето јавни средства.

    „Убедени сме дека земјата може да влезе во Европската Унија, но за тоа јавните финансии мора да бидат транспарентни и ефикасни“, рече Бертолини.

    Министерот за финансии Драган Тевдовски, на завршната конференција од проектот, рече дека експертите кои ја виделе стратегијата за реформи подготвена преку проектот кажале дека таа е преамбициозна, но дека приорите на оваа Влада ќе биде реформите да се спроведат.

    „За да објаснам зошто е значаен овој проект ќе кажам неколку реченици од книгата Алиса во земјата на чудата. Кога Алиса се среќава со мудриот мачор го прашува по кој пат да тргнам, а мачорот и одговара дека тоа зависи каде сака да стиигне. На, тоа Алиса одговара дека не е важно каде ќе стигне, а мачорот и одговара дека тогаш не е важно по кој пат ќе оди. Иако експертите велат дека реформите се преамбициозни, барем знаеме каде сакаме да стигнеме, а тоа е при подготовка на буџетот да не се гледа само тековната година, туку да се направи средорочен план“, рече Тевдовски.
    Тој кажа дека со проектот анализиран е постојниот процес на изготвување на буџетот и добиле препораки од Финците како да направат реформи, за да се подобри ефикасноста во планирањето и спроведувањето на буџетот, како и да се подобри транспарентноста во управувањето со јавните финансии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира