КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ ЌЕ ГИ ЗГОЛЕМАТ ЦЕНИТЕ АКО ВЛАДАТА ИМ НАЛОЖИ ДА ФИНАНСИРААТ ФОНД ЗА ПОМОШ НА ТЕЛЕВИЗИИТЕ

    КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ ЌЕ ГИ ЗГОЛЕМАТ ЦЕНИТЕ АКО ВЛАДАТА ИМ НАЛОЖИ ДА ФИНАНСИРААТ ФОНД ЗА ПОМОШ НА ТЕЛЕВИЗИИТЕОд здружението МК НЕТ тврдат дека во овие тешки времиња телевизиските канали сакаат да се богатат на грбот на граѓаните. (Фото: СДК.МК)

    Здружението на кабелски оператори МК НЕТ најави дека ќе бидат приморани да ги зголемат цените на своите услуги ако Владата донесе уредба со законска сила за формирање фонд за поддршка телевизиите.

    „Сакаме да ја запознаеме јавноста во Р. Македонија дека Стопанската интересна заедница на оператори на кабелска мрежа МК НЕТ Скопје не се согласува со намерата на Владата на Република Северна Македонија да се формира фонд за поддршка на медиумите, а кој фонд ќе треба да го финансираат кабелските оператори“, се вели во соопштението на Стопанската интересна заедница на оператори на кабелска мрежа МК НЕТ Скопје, од каде што додаваат дека ваквата намера на Владата ќе предизвика зголемување на месечната претплата.

    Оттаму велат дека друга опција им е да ги исклучат телевизиските канали, за кои од здружението тврдат дека во овие тешки времиња сакаат да се богатат на грбот на граѓаните.

    „Доколку Владата ја донесе Уредбата со законска сила со која ќе се формира фонд за поддршка на ‘профитабилни’ медиуми, ја известуваме јавноста дека кабелските оператори ќе бидат приморани да ја зголемат месечната претплата на своите претплатници, или да пристапат кон исклучување на телевизиските канали кои во овие тешки времиња сакаат да се богатат на грбот на граѓаните“, велат од МК НЕТ.

    Според сопственикот на „Телекабел“ Роберт Димитров, станува збор за петте национални телевизии „Сител“, „Канал 5“, „Телма“, „Алсат“ и „Алфа“ кои, како што вели тој, прават притисоци врз претставници на Владата да им обезбедат пари од операторите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира