Македонија ја понуди еврообврзницата на светските берзи, а каматата за неа ќе изнесува 5 проценти, објави агенцијата Ројтерс.
Еврообврзницата е со рок на доспевање од седум години, а како главни банки кои управуваат со продажбата на емисијата се „Сити груп“, „Дојче банка“, „Ерсте група“ и „Сосиете женерал“.
Моменталниот рејтинг кој Македонија го има како држава е ББ- според „Стандард и Пурс“ и рејтинг ББ+ според „Фич“.