ЌЕ ГИ РАЗРЕШАМ ЗАЕДНИЧКИТЕ СЛУЖБИ НА СКОПСКА КЛИНИКА, ОТИ СЕ ЗАГУБАРИ ОД 20 МИЛИОНИ ЕВРА И НЕ ЗНААТ ШТО РАБОТАТ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО

    ЌЕ ГИ РАЗРЕШАМ ЗАЕДНИЧКИТЕ СЛУЖБИ НА СКОПСКА КЛИНИКА, ОТИ СЕ ЗАГУБАРИ ОД 20 МИЛИОНИ ЕВРА И НЕ ЗНААТ ШТО РАБОТАТ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВОМеџити nајави дека ќе се укинат организациските директори на скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“. - Од денешниот настан на Ортопедија. (Фото: К. Попов)

    Ич не ги сакам тие заеднички служби, не се знае што работат, најголеми загубари се, рече денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, на прес-конференција на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

    Одговарајќи на новинарски прашања за тоа дали работат лифтовите на Ортопедија, директорот на ТОАРИЛУЦ, д-р Александар Трајановски рече дека лифтовите ги одржуваат и сервисираат заеднички служби, а на тоа се надоврза министерот:

    „Јас воооошто не ги сакам тие заеднички служби. Затоа што се загубари од 20 милиони евра и не се знае што работат. Тоа ќе се разреши , информацијата е до Влада, ќе се разрешат. Има тековни процедури кои треба да ги почитуваме“.

    Меџити на 25 мај најави дека ќе се укинат организациските директори на скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“ и најверојатно ќе функционира со еден генерален директор.

    „Од првиот ден работам напорно за овој проблем и тој проблем ми е најгорливата мака што сакам да го решам како кабинет, како Министерство да го решиме. Еднаш засекогаш да се постават работите како што треба на Клинички и да функционира многу полесно, поадекватно и поефективно да биде. Информацијата е готова, во договор со Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), значи почетокот на годината, после Новата година, и сите пресметки се прават, тогаш и најверојатно се очекува. Значи од 1 јануари 2024 да почне да функционира еден Клинички центар со генерален директор или како ќе бидат модалитетите за тоа, ќе се договориме. Едвај чекам тоа да се случи, многу транспартено и квалитетно ќе биде понатаму. Нема да имаме загубари, како Заеднички служби, 20 милиони евра, не знаат што работат. Не откривам лично топла вода. Воопшто не ме интересираат политички притисоци“, кажа Меџити на 25 мај.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира