ЌЕ ИМА ИНСПЕКЦИИ ВО РЕСТОРАНИТЕ И МЕСТАТА ЗА ПРОСЛАВИ И НАСТАНИ, НАЈАВИ ВЛАДАТА

    ЌЕ ИМА ИНСПЕКЦИИ ВО РЕСТОРАНИТЕ И МЕСТАТА ЗА ПРОСЛАВИ И НАСТАНИ, НАЈАВИ ВЛАДАТАЗачестените контроли следат по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март, во кој загинаа 59 лица, меѓу кои и 6 деца, речиси 200 беа повредени, од кои 25 деца. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Десет правни субјекти (кафулиња/клубови) добија решенија за привремена забрана, според Законот за угостителска дејност, соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева на денешната прес-конференција, додавајќи дека изминативе денови се направени вкупно 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност. Зачестените контроли следат по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март, во кој загинаа 59 лица, меѓу кои и 6 деца, речиси 200 беа повредени, од кои 25 деца.

    Инспeкторите утврдиле дека дека 15 правни субјекти (од вкупно 23) кои имаат активна лиценца не исполнуваат минимални технички услови и кај нив ќе бидат изречени две мерки: решение за забрана на вршење на дејност и предлог до Министерството за економија за одземање на лиценца.

    Кај 6 правни субјекти кои немаат активна лиценца или им е истечена, а е утврдено дека изминатиот период функционирале, издадени се решенија за забрана на вршење на дејност.

    Издадени се 59 прекршочни платни налози во износ од 522.690 денари (околу 8.500 евра) и по други основи од Законот за угостителска дејност (тие други основи се однесуваат на непочитување на нормативи заверени кај грагоначалник, одобренија за тераси, не истакнат број на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

    „Во координација со МВР овие денови започнуваат инспекциски надзори во објекти за организирање на прослави и настани со посебен акцент на утврдување на минимално техничките услови и категоризација на ресторани, како и за другите одредби од Законот за угостителска дејност“, рече Митева.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира