ЌЕ ЈА ЗАТВОРИМЕ ЈУЖНАТА ГРАНИЦА ВО СЛУЧАЈ НА НАПЛИВ НА МИГРАНТИ, ВЕЛИ ЧУЛЕВ

    ЌЕ ЈА ЗАТВОРИМЕ ЈУЖНАТА ГРАНИЦА ВО СЛУЧАЈ НА НАПЛИВ НА МИГРАНТИ, ВЕЛИ ЧУЛЕВСостојбата на јужната граница во моментов е стабилна и без посебни нарушувања. - Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев (Фото: СДК.МК)

    Министерот за внатрешни работи Наке Чулев при денешната посета на СВР Тетово кажа дека во случај на наплив на мигранти на јужната граница по најавите дека Србија поради тоа ќе ја затвори својата јужна граница, тоа ќе го стори и нашата земја.

    „Македонија е во постојана комуникација со ФРОНТЕКС и со нашите партнери од ЕУ. Македонија дефинитивно ќе ја затвори границата. Ние имаме капацитети во однос на претходната мигрантска криза и сега сме многу подобро подготвени а имаме и партнерски полицајци во заеднички патроли на јужната граница каде во моментов имаме 131 полицаец од 8 држави. Имаме и материјално-технички средства и ќе дадеме максимум за да ја затвориме нашата граница и да спречиме евентуален нов мигрантски бран кон територијата на нашата држава а со тоа и кон ЕУ. На јужната граница во моментов состојбата е стабилна и без посебни нарушувања. Ние внимателно ја следиме состојбата на турско-грчката граница и за таа цел Управувачкиот комитет донесе одлука да се зголеми бројот на полициските сили на јужната граница а истовремено е зголемен и бројот на армиските сили“ изјави министерот Чулев.

    Освен министерот Наке Чулев, кој денеска ги посети полициските станици во Гостивар и Тетово во Теарце беше и заменик министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска. На новинарско прашање дали постои координација во МВР околу ваквите активности и Чулев и Петровска рекоа дека се запознаени со посетите и дека имаат меѓусебна комуникација.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира