ЌЕ СЕ ДОГОВАРА НОВ ИЗБОРЕН ЗАКОНИК, А ЗА ИЗМЕНИТЕ НА КРИВИЧНИОТ СÈ УШТЕ НЕМА ПРЕДЛОГ ОД ВЛАДАТА, КАЖА ГАШИ

    ЌЕ СЕ ДОГОВАРА НОВ ИЗБОРЕН ЗАКОНИК, А ЗА ИЗМЕНИТЕ НА КРИВИЧНИОТ СÈ УШТЕ НЕМА ПРЕДЛОГ ОД ВЛАДАТА, КАЖА ГАШИ„Не е исклучено да се зборува и за промена на изборниот систем, на пример Македонија да биде  една изборна единица", вели Гаши. (Фото: СДК.МК)

    По големата пауза за локалните избори, претседателот на Собранието Африм Гаши ги викнал на координација координаторите на пратеничките групи, на која не зборувале за Кривичниот законик кој амнестира и ослободува функционери од корупција и од злоупотреба на службената положба и овластувањата, туку за носење нов Изборен законик.

    „Вратата за новиот Кривичен законик и за измените што ги бара Управниот суд во однос на амнестирачките членови во него за извршена корупција, во Собранието е отворена. Уште нема предлог, тоа зависи од  Владата”, одговори денеска на новинарско прашање Гаши, кој кога ги распиша локалните избори во август, кажа дека новиот Предлог- кривичен законик само што не пристигнал во Собранието, бидејќи така му било најавено од министерот за правда Игор Филков и од Владата.

    Прашан за законот за локална самоуправа кој не се донесе пред овие избори, поради немање Бадентерово мнозинство, спикерот кажа дека повторно ќе се отвори расправа. Но не можеше да каже дали ќе се тргне тоа “овој закон ќе стапи во сила од следните локални избори”, зашто ако не се смени тоа, а целта на законот е да може со референдум да се отповикуваат градоначалниците ако не си ја вршат работата, ќе значи дека законот ќе се донесе за да ги заштити градоначалниците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. 

    Гаши рече дека тоа зависи од партиите.

    Предлог-буџетот стигнал вчера во Собранието. До 10 ноември се чекаат амандмани и потоа почнува претресот.

    Очекувам до 9 декември да свикам седница, рече Гаши.

    „На координацијата прва по паузата за изборите, разговаравме да се донесе нов Изборниот законик, на консензуален начин. Нов Изборен законик треба меѓу другото и поради финансирањето на партиите. Беше проблем, бидејќи со одредбите напишани во 2021 година, две партии имаше само, што не соодветствува со реалноста. Имаше три на власт, три во опозиција. Не е исклучено да се зборува и за промена на изборниот систем, на пример Македонија да биде една изборна единица”, рече спикерот.

    Во врска со прегласувањето во некои општини, Гаши кажа дека овој состав на ДИК ќе си го истера процесот до крај.

    „Сакам да ве известам дека  актуелниот состав на ДИК истекува на 15 јануари. Мандатот на членовите на ДИК трае 5 години и до избор на новиот состав. Неумесно би било да распишам оглас за нови членови на Комисијата, сред гласање”, кажа Гаши.

    На 10 ноември ќе има опозициони пратенички прашања и седница.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира