КОЧАН ПОДНЕЛ УШТЕ ЕДНО БАРАЊЕ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА, СУДОТ ЌЕ ЈА ПРОВЕРУВА ЛЕКАРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

    КОЧАН ПОДНЕЛ УШТЕ ЕДНО БАРАЊЕ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА, СУДОТ ЌЕ ЈА ПРОВЕРУВА ЛЕКАРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈАСудот ќе одлучи по барањето на Сеад Кочан откако ќе ја добие целокупната документација од приватната клиника каде што тој е хоспитализиран. (Фото: СДК.МК)

    Осудениот бизнисмен Сеад Кочан поднел ново, трето барање за одложување на издржувањето на затворската казна од 4 години и 8 месеци за предметот на СЈО „Труст“, соопшти Основниот суд Скопје 1.

    Од судот велат дека веднаш се обратиле до приватната клиника каде е хоспитализиран осудениот за добивање на целокупната документација поврзана со барањето и по добивање на неопходната документација надлежниот судија дополнително ќе одлучи дали барањето ќе биде разгледано и по истото ќе се одлучува или истото ќе биде отфрлено.

    На 30 јули, Основниот суд Скопје 1 соопшти дека Кочан веднаш треба да се јави на издржување на затворската казна во „Идризово“, откако му беше одбиена втората жалба.

    Кочан во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ со лажна документација конкурирал на тендер за ископ на јаловина во вредност од 17 милиони евра и победил. Имотот на неговата фирма „Трансмет“ е конфискуван.

    М.ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира