КОМИТЕТОТ НА МИНИСТРИ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ВО СЕПТЕМВРИ ЌЕ РАЗГЛЕДУВА ЗОШТО БУГАРИЈА ОДБИВА ДА ГО РЕГИСТРИРА ОМО ИЛИНДЕН И ЗДРУЖЕНИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ И ПОКРАЈ ПРЕСУДИТЕ ОД СТРАЗБУР

    КОМИТЕТОТ НА МИНИСТРИ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ВО СЕПТЕМВРИ ЌЕ РАЗГЛЕДУВА ЗОШТО БУГАРИЈА ОДБИВА ДА ГО РЕГИСТРИРА ОМО ИЛИНДЕН И ЗДРУЖЕНИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ И ПОКРАЈ ПРЕСУДИТЕ ОД СТРАЗБУРОд состанокот на министерот за правда Кренар Лога со Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден Пирин лани на 20 април во Скопје. (Фото: Министерство за правда)

    Комитетот на министри на Советот на Европа, кој е надлежен за спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, во септември ќе ги разгледува неоправданите одбивања на бугарските судови да регистрираат здружение чија цел е да се постигне „признавање на македонското малцинство во Бугарија“. Следната сесија Комитетот ќе ја одржи од 17-19 септември. И во годишниот извештај на Европскиот суд за човекови права во Стразбур е посочено дека Бугарија не ја спроведува пресудата за основните човекови права на слободно здружување која ОМО Илинден Пирин не може да ја реализира и да се регистрира. Бугарија исто така неспроведува и 14 пресуди на судот во Стразбур во корист на Македонците во Бугарија.

    На иститот состанок во септември, ќе се одлучува и за тоа во Македонија уште нема законска регулатива која ги регулира условите и процедурите за промена на регистрираниот пол на трансродовите лица во изводите на родени. Претходниот состав на Собранието не успеа да го донесе Законот за матична евиденција со којшто ќе се овозможи правно признавање на родовиот идентитет на трансродовите лица. Процесот на подготовка на овие законски измени почна во февруари 2019, еден месец по пресудата на Европскиот суд за човекови права за случајот на лицето Х против Македонија, според која Македонија треба да му исплати обесштетување од 9.000 евра на трансродовото лице, затоа што му е повредено правото на приватност и правото на ефикасен правен лек во текот на процедурите за промена на полот во земјава.

    Комитетот на министри на Советот на Европа денеска ги објави ги објави одлуките за секој поединечен случај донесени на седницата од 11 до 13 јуни за надзор врз спроведувањето на пресудите и одлуките на Европскиот суд за човекови права. Комитетот на министри усвои 42 одлуки во врска со 22 држави, меѓу кои и Привремени резолуции во случаите што се однесуваат на Унгарија и Турција. Во посебен случај во врска со Унгарија, Комитетот го овласти својот претседавач да испрати писмо до релевантниот министер на тужената држава.

    45 Конечни резолуции беа усвоени од Комитетот на министри во однос на 113 пресуди и одлуки од Европскиот суд, кои се однесуваат на 21 различна држава.

    Дополнително, Комитетот усвои индикативна листа на случаи што треба да се испитаат на следниот состанок посветен на извршувањето на пресудите, кој ќе се одржи од 17 до 19 септември, меѓу кои се и случаите За Бугарија и Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира