КРИМТЕХНИКА ГО ОТВОРИ ОПЕЛОТ ОД „МОНСТРУМ“, ВОЗИЛОТО Е ИСТОТО ОД ФОТОГРАФИИТЕ НА МВР

    КРИМТЕХНИКА ГО ОТВОРИ ОПЕЛОТ ОД „МОНСТРУМ“, ВОЗИЛОТО Е ИСТОТО ОД ФОТОГРАФИИТЕ НА МВРВо првата судска постапка возилото не им било покажано ниту на судот, ниту на обвинителите и одбраната; - Од денешниот увид во „опел омега“ во депото на Управата за одземени предмети (Фото: СДК.МК)

    Инспектори од кримтехника во МВР денеска во депото на Управата за одземени предмети го отворија возилото „опел омега“ со кое, како што се тврдеше во првата судска постапка, обвинетиот Алил Демири избегал по петкратното убиство кај Смиљковското Езеро пред шест години.

    Според бројот на шасијата и регистарските таблички се утврди дека тоа е возилото од фотографиите на МВР, а кое во првата судска постапка не им било покажано ниту на судот, ниту на обвинителите и одбраната. Поради тврдење на одбраната на обвинетите дека не постои такво возило и дека тоа е подметнато од полицијата со цел да се конструира случај против: Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута, денеска во повторената постапка јавноста присуствуваше на увидот.

    Сепак, одбраната имаше забелешка дека доказите од вештачењето не се совпаѓале со изгледот на омегата која и судот за првпат ја виде денеска.

    Врховниот суд го врати Монструм на повторно судење и ги ислободи обвинетите. Во постапка за екстрадиција од Косово се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.

    На 12 април 2012 кај скопското Смиљковско Езеро беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Тричковски (на возраст од 18 до 21 година), сите од Радишани, Скопје, и 45-годишниот рибар Борче Стевковски од Црешево.

    За случајот „Монструм“ обвинети се вкупно 6 лица. Им се суди во Основниот суд Скопје 1, организиран криминал, по втор пат.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира