КРИВИЧНИОТ СУД ГО ОСЛОБОДИ ЉУБЕ БОШКОСКИ ЗА СЛУЧАЈОТ „КАМПАЊА“ ЗА КОЈ ОДЛЕЖА 5 ГОДИНИ ВО ИДРИЗОВО

    КРИВИЧНИОТ СУД ГО ОСЛОБОДИ ЉУБЕ БОШКОСКИ ЗА СЛУЧАЈОТ „КАМПАЊА“ ЗА КОЈ ОДЛЕЖА 5 ГОДИНИ ВО ИДРИЗОВОВо 2020 година, Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека на Бошкоски му биле прекршени правата на фер судење во однос на повикување и испитување на сведоци. (архивска фотографија)

    Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски во повтореното судење за случајот „Кампања“ во кој беше обвинет за нелегално финансирање на изборна кампања како лидер на партијата Обединети за Македонија во 2011 година.

    Бошкоски во 2014 година беше осуден од истиот суд на 5 години затвор за овој случај и казната ја отслужи во затворот „Идризово“. Во 2020 година, Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека на Бошкоски му биле прекршени правата на фер судење во однос на повикување и испитување на сведоци, а следната година, на барање на неговите адвокати, почна повтореното судење за случајот.

    Поврзан со овој случај беше и случајот на поранешното СЈО „Тортура“, во кој поранешнот шеф на УБК Сашо Мијалков и припадници на полициската единица „Алфа“ беа обвинети за тортура и нечовечко постапување при апсењето на Бошкоски пред ресторанот „Воденица“ во јуни 2011 година. Во јули 2021 година, Основниот кривичен суд донесе ослободителна пресуда за обвинетите во „Тортура“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира