КРИВИЧНИОТ СУД МУ СКРАТИ 4 МЕСЕЦИ ОД 3-ГОДИШНАТА ЗАТВОРСКА КАЗНА НА МИЈАЛКОВ, ПО УПАТСТВО ОД АПЕЛАЦИЈА

    КРИВИЧНИОТ СУД МУ СКРАТИ 4 МЕСЕЦИ ОД 3-ГОДИШНАТА ЗАТВОРСКА КАЗНА НА МИЈАЛКОВ, ПО УПАТСТВО ОД АПЕЛАЦИЈАНа 8 јули 2022 година Мијалков ја призна вината и се спогоди со Обвинителството, а дури во август отиде во затвор „Струга“ (Фото:СДК.МК)

    Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга за условен отпуст на Сашо Мијалков, осудени во предметот „Империја“, му скрати 4 месеци од 3-годишната затворска казна и треба да излезе во декември годинава, бидејќи исполнува услов.

    За одлуката нема детали, а по сè изгледа на Мијалков му е пресметано и времето поминато во притвор за „Империја“.

    Тригодишната казна на Мијалков во „Империја“ е за перење пари. Го искористил законското право по истекот на две третини од казната да побара условен отпуст и тоа му го дозволија судовите, како што им го дозволуваат на многумина непроблематични осудени лица.

    Кривичниот совет по одржана јавна седница, прибавена и разгледана целосна документација согласно напатствијата на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое го Уважи предлогот на Директорот на казнено поправната установа. Согласно решението, осудениот се отпушта од КПД Струга на 25.12.2024 година, а условниот отпуст му се смета до 25.04.2025 година“, вели Кривичниот суд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира