КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ БАРААТ ДНЕВНИЦИ И ПАТНИ ТРОШОЦИ КАКО ФУНКЦИОНЕРИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ БАРААТ ДНЕВНИЦИ И ПАТНИ ТРОШОЦИ КАКО ФУНКЦИОНЕРИТЕ

    Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) пред повеќе од еден месец испрати писмо до министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и до Министерството за култура, со кое уште еднаш ги потсетуваат на барањата што веќе две години ги ги упатуваат на нивна адреса, а тоа е да ги стопираат активностите околу потпишување на колективниот договор и мобингот што го прават во некои институции околу потпишувањето на новите договори, кои по ново се на определено време на 5 години, а не како досега на неопределено време. Одговор, како што велат очекувано не добиле.

    Од СКРМ во пресрет на нововостановените концерти за Нова година и за Божик повторно ја актуелизираат темата со дневниците и велат иако настапуваат со празнични дневници, силно е незадоволството кај дел од музичарите кои велат дека не сакаат на семејни празници да настапуваат за ниту едни пари. Ова незадоволство се надградува на фактот што единствено вработените во културата ги трпат последиците на антикризните мерки на Владата, од 2009 година, и не добиваат дневници во текот на годината.

    „Најголемиот парадокс е таа одлука на Владата која е над сите закони во државата. Во државата има економски раст, се зголемуваат пензиите, а Владата носи одлука со која поради антикризните мерки не смее да се исплаќаат дневници. И таа одлука важи само за нас во културата, а не и за функционерите. Археолозите на пример се постојано на терен. Откако се прогласи светската економска криза во 2009-та година, само ние одиме со месеци на терен без никаков надоместок, ниту имаме дополнителни средства за одвоен живот, буквално сите права ни ги одзема државата, која е мајка за функционерите, пратениците, а маќеа за обичните смртници“, вели претседателот на СКРМ Виктор Илиески.

    Тие додаваат дека музичко-сценските уметници свират, глумат, настапуваат по други градови со сопствени семејни пари.

    „Ја исполнуваме програмата на Министерството за култура на манифестациите како Летен културен бран, или во некој град што таа година е прогласен за Град на културата. Тие манифестации имаат свои буџети, а ние не добиваме никаква надокнада. Имаме ситуации на некоординираност на тие програми на локалните самоуправи, па има случаи кога денес свириме во Охрид, а утре во Струга, а вечерта се враќаме дома во Скопје“, вели Илиески.

    Овој Закон за антикризни мерки ги суспендира Законот за работни односи и Уставот, велат вработените во културата кои потсетуваат дека функционерите се изземени, и земаат дневници, и патни трошоци, па и пари за амортизација на сопствени возила.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира