КВОТИТЕ ЗА ЛЕК НА РЕЦЕПТ ПОТРОШЕНИ, АПТЕКИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПЛУС 12.000 ДЕНАРИ ЗА ФЕВРУАРИ ОД ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО

    КВОТИТЕ ЗА ЛЕК НА РЕЦЕПТ ПОТРОШЕНИ, АПТЕКИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПЛУС 12.000 ДЕНАРИ ЗА ФЕВРУАРИ ОД ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО„Причините за оваа дополнителна мерка се сезонскиот грип, прогласената епидемија на морбили, како и значителната искористеност на квотата за месец февруари, заклучно со датум“, велат од Фондот за здравствено осигурување.-директорите на ФЗОМ Ден Дончев и Орхан Рамадани (Фото: СДК.МК)

    Фондот за здравствено осигурување ќе ги зголеми квотите на аптеките за февруари за 12.000 денари. Ова дополнително зголемување на квотите, како што велат од Фондот за здравствено осигурување ќе важи линеарно за сите аптеки, освен за оние кои веќе ја имаат максималната квота од 650.000 денари.

    „Причините за оваа дополнителна мерка се сезонскиот грип, прогласената епидемија на морбили, како и значителната искористеност на квотата за месец февруари, заклучно со датум. Со оваа дополнителна мерка обезбедуваме дополнителни над 9 милиони денари за месец фебруари, што ќе придонесе за достапност на лекови на рецепт за осигурените лица во текот на месецот“, велат од ФЗОМ.

    Од ФЗОМ велат дека ќе продолжат внимателно да ја следат состојбата со достапноста на лековите на рецепт во аптеките, за да можат осигурениците навреме да ја добијат потребната терапија.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари