ЛАТАС НЕ ДОЈДЕ НА СУДЕЊЕ ОД СЕМЕЈНИ ПРИЧИНИ, ДОСТАВИЛ ДОКУМЕНТАЦИЈА ОД КЛИНИКА ВО КЕЛН

    ЛАТАС НЕ ДОЈДЕ НА СУДЕЊЕ ОД СЕМЕЈНИ ПРИЧИНИ, ДОСТАВИЛ ДОКУМЕНТАЦИЈА ОД КЛИНИКА ВО КЕЛНДраган Павловиќ Латас пред Основниот суд Скопје 1 за рочиштето за случајот на СЈО „Тотал“ на 7 декември. (Фото: СДК.МК)

    Судењето на новинарот и бизнисмен Драган Павловиќ -Латас, обвинет од СЈО за криење данок кон државата, денеска не почна, зашто обвинетиот не дојде. Како што кажа судијата Славица Наумовска -Јосифовска, обвинетиот не дошол на судењето за „Тотал“, поради лични и семејни причини, за што доставил до судот документација од клиника во Келн. Доказот се читаше без јавност во судницата. Судењето е закажано за 31 март.

    Предметот „Тотал“ е за даночно затајување против Латас како сопственик на фирмите „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ и „Тотал медиа центар“ ДООЕЛ. Обвинетиот се товари дека за даночните години од 2008 до 2015, со намера тој и правните лица да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давал лажни податоци. Според СЈО, правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјади евра, а физичкото лице за 63 илјади евра.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира