ЛАЖЕН ОЏА ОД КОЧАНИ СИЛУВАЛ 9-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ВО ГОСТИВАР, МАЈКАТА ГО ПОВИКАЛА ЗА ДА Ѝ ГИ ИЗБРКА ЦРНИТЕ МАГИИ

    ЛАЖЕН ОЏА ОД КОЧАНИ СИЛУВАЛ 9-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ВО ГОСТИВАР, МАЈКАТА ГО ПОВИКАЛА ЗА ДА Ѝ ГИ ИЗБРКА ЦРНИТЕ МАГИИДевојчето од страв во прв момент не кажала ништо на мајката, но кога на 5 декември мајката сакала по третпат да го повика осомничениот, девојчето вознемирено раскажало што му се случува, по што настанот бил пријавен во полиција. - Центарот на Гостивар (архивска фотографија)

    37-годишник од Кочани, кој се претставувал како оџа, силувал 9-годишно девојче во стан во Гостивар, откако мајката го повикала да ѝ го излекува детето од црни магии, соопшти Јавното обвинителство, кое бара од судот да му се изрече мерка притвор на осомничениот.

    Од обвинителството велат дека лажниот оџа во два наврата на 23 и 24 ноември во стан во Гостивар извршил полово дејствие врз детето. Откако мајката го повикала, осомничениот побарал да остане сам со детето-жртва во собата и притоа ја принудил на други полови дејствија. Девојчето од страв во прв момент не кажала ништо на мајката, но кога на 5 декември мајката сакала по третпат да го повика осомничениот, девојчето вознемирено раскажало што му се случува, по што настанот бил пријавен во полиција.

    Лажниот оџа измамил и жена, на која ѝ рекол дека ќе ѝ помогне да ги тргне магиите од нејзината куќа. Тој, заедно со уште двајца соизвршители од Гостивар, во повеќе наврати ја убедувале жената дека за да ги отстранат магиите треба да откопуваат различни предмети од гробишта и со тоа ги влечат магиите од неа и од нејзиниот дом. За услугата ѝ наплатиле вкупно 98.000 денари. Од обвинителството велат дека кога почнале да се договараат за нова средба, оштетената се посомневала дека е измамена и ги пријавила.

    За лажниот оџа е отворена истрага за кривичното дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, а за другите двајца осомничени соизвршители, поведена е постапка за кривичното дело Измама.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира