СКОКОТ НА МАКЕДОНИЈА ОД 19 МЕСТА СЕ ДОЛЖИ НА СПЕЦИЈАЛНИОТ ОБВИНИТЕЛ И ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ, НО ТИЕ И НАТАМУ СЕ ИЗЛОЖЕНИ НА ПРИТИСОЦИ, СТОИ ВО НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦИ

    СКОКОТ НА МАКЕДОНИЈА ОД 19 МЕСТА СЕ ДОЛЖИ НА СПЕЦИЈАЛНИОТ ОБВИНИТЕЛ И ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ, НО ТИЕ И НАТАМУ СЕ ИЗЛОЖЕНИ НА ПРИТИСОЦИ, СТОИ ВО НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦИОд последниот протест на медиумските работници во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Македонија ги има најслободните медиуми меѓу земјите од Западен Балкан, стои во новиот извештај на организацијата Репортери без граници, но се додава дека и покрај напредокот од 19 места во рангирањето, новинарите во Македонија продолжуваат да се мачат со разни проблеми, вклучувајќи политички притисоци.

    Македонија се најде на 38. место во класификацијата за 2023 година, која опфаќа 180 држави од цел свет, при што е рангирана пред земји како Италија, Хрватска, САД, Словенија, Полска, Јапонија, Бугарија и Грција.

    „Но, иако е забележан напредок новинарите во Македонија и натаму се соочуваат со нетранспарентно и нестабилно финансирање, конфликт на интереси, политички притисоци, кампањи за оцрнување и со малтретирање на социјалните мрежи“, вели Павол Салај, шефот на канцеларијата на Репортери без граници за ЕУ/Балкан. .

    Северна Македонија останува во втората половина од земјите од ЕУ/Балкан, но има вистински потенцијал за промена, како и Црна Гора и Косово, стои во најновиот извештај. Скокот на табелата, според Павол Салај, шефот на канцеларијата на Репортери без граници за ЕУ/Балкан, се должи на тоа што „неодамна беа преземени системски мерки заради зголемување на безбедносната и правната оценка, и покрај континуираните напади врз новинарите: стапување во сила на амандманите со кои злосторствата врз новинарите се сметаат за отежителна околност и назначувањето на специјален обвинител во Скопје кој ќе постапува во случаите на новинари“,

    Првото место на листата го зазема Норвешка, пред Ирска, Данска, Шведска и Финска, а на дното се Северна Кореја, Кина и Виетнам.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира