МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДОРКА ПОВИКАНА ВО СРПСКОТО МНР ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО СЕ ПРИСЛУШУВАНИ СТОИЉКОВИЌ И ЖИВАЉЕВИЌ

    МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДОРКА ПОВИКАНА ВО СРПСКОТО МНР ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО СЕ ПРИСЛУШУВАНИ СТОИЉКОВИЌ И ЖИВАЉЕВИЌМакедонската амбасадорка во Белград Вера Јовановска Типко. (Фото: Танјуг)

    Македонската амбасадорка во Србија Вера Јовановска Типко е повикана денеска во српското министерство за надворешни работи да даде објаснување за прислушувањето на српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ, српскиот новинар Мирослав Лазански и пратеникот на Демократската партија на Србите Иван Стоиљковиќ, објави српската агенција „Танјуг“.

    Живаљевиќ, кој е претставник на БИА во Македонија и советник во српската амбасада, стана познат во македонската јавност кога се дозна дека бил во Собранието за време на организираниот напад во Собранието на 27 април. За инцидентот, српската амбасадорка Душанка Дивјак Томиќ пред четири дена беше повикана на разговор во македонкото МНР, а реагираше и српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој кажа дека Живаљевиќ не направил ништо нелегално и бил во Собранието оти тоа му било работа како разузнавач.

    Пратеникот Стоиљковиќ вчера најави дека ќе ги тужи македонските служби бидејќи го прислушувале заедно со српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ и српскиот новинар Мирослав Лазански. Коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за српското издание на руската агенција „Спутник“ вели дека како член на собраниската Комисија за одбрана и безбедност има безбедносен сертификат и не може да постои образложение од Судот со кое би била издадена наредба за да биде ставен под посебни истражни мерки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира