МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ПРЕТСЕДАВА СО ОБСЕ ВО КЛУЧЕН МОМЕНТ ЗА ЕВРОПСКАТА БЕЗБЕДНОСТ, КАЖА ШОЛЕ ОД СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ ПО СРЕДБАТА СО КОВАЧЕВСКИ

    МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ПРЕТСЕДАВА СО ОБСЕ ВО КЛУЧЕН МОМЕНТ ЗА ЕВРОПСКАТА БЕЗБЕДНОСТ, КАЖА ШОЛЕ ОД СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ ПО СРЕДБАТА СО КОВАЧЕВСКИОд Владата велат дека посебно внимание на средбата Ковачевски-Шоле било посветено на делот околу справувањето со енергетската криза. (Фото: К. Попов)

    Дерик Шоле, советник на државниот секретар на САД Ентони Блинкен, денеска беше во Скопје на средба со премиерот Димитар Ковачевски за да ги потврди силните односи меѓу САД и Северна Македонија, соопшти Американската амбасада. Како што велат од амбасадата, тој ѝ честитал на владата за преземањето на претседавањето со ОБСЕ и ја нагласил важноста на овој потфат во клучен момент за европската безбедност.

    „Северна Македонија е витален партнер во Западниот Балкан и презема важна лидерска улога во обликувањето на безбедноста и стабилноста во регионот и низ Европа, во период без преседан. Патот напред за Северна Македонија, како и за остатокот од Европа, бара напорна работа и жртвување. САД е партнер во соочувањето со тие предизвици. Ние сме ѝ благодарни на Северна Македонија за одлучната поддршка како партнер и доверлив сојузник во НАТО во справувањето со руската агресија во Украина и со помошта за релокација на авганистанските бегалци“, кажа Шоле.

    По средбата со премиерот Ковачевски и други клучни министри во владата, Шоле замина за Косово.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира