МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ПОВРЗАНИ СО ФЕТО ВЕЌЕ НЕМА ЛЕСНО ДА ВЛЕГУВААТ ВО ТУРЦИЈА, СООПШТИ ТУРСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ

    МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ПОВРЗАНИ СО ФЕТО ВЕЌЕ НЕМА ЛЕСНО ДА ВЛЕГУВААТ ВО ТУРЦИЈА, СООПШТИ ТУРСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ„Братскаta земја Северна Македонија, за жал, досега не ја даде очекуваната поддршка на Турција во борбата против терористичките организации“, велат од Турската амбасада во Скопје. - Заев и Ердоган во Анкара во февруари 2018 (Фото: Јутјуб/Влада на РСМ)

    Лицата кои работат во Заман Македонија, училиштата Јахја Кемал, МИБА, Шафак и фондациите како што е Толеранс и оние кои сѐ уште ги поддржуваат овие институции и организации веќе нема лесно да влегуваат во Турција, како што влегуваа претходно, соопшти Турската амбасада во Скопје.

    „Пријателска и братска земја Северна Македонија, за жал, досега не ја даде очекуваната поддршка на Турција во борбата против терористичките организации. Особено по обидот за предавничкиот пуч на 15 јули, институциите и организациите на терористичката организација на ФЕТО (Заман Македонија, училиштата Јахја Кемал, МИБА, Шафак и фондациите како што е Толеранс) сѐ уште се активни во оваа земја. Турција ќе продолжи да се бори со овие организации сѐ додека не добие резултати, особено ќе застане пред тие што се хранат од Турција, а гаѓаат врз Турција. Тие што работат во овие терористички организации и институции, или пак оние што сѐ уште ги поддржуваат, веќе нема лесно да влегуваат во Турција, како што влегуваа претходно. Сакаме оваа ситуација да ја знаат пријателите што се поврзани со Турција од душа“, се вели во соопштението на Амбасадата на Турција во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира