Владата на денешната седница ги усвои предложените законски измени со кои што се зголемува највисокиот дозволен износ на ДДВ кој што може да се врати на едно физичко лице за едно календарско тримесечје.
Како што велат оттаму, се планира највисокиот износ кој што може едно лице да го оствари, како право на поврат на дел од данокот на додадена вредност со скенирање фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“, да се зголеми на 2.100 денари по квартал за едно физичко лице. Сега овој износ по лице и по квартал е до 1.800 денари.
Станува збор за измени на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, предложен од Министерството за финансии. Предложените законски измени сега треба да се усвојат во Собранието.