Амбасадорот на САД Џес Бејли изјави дека е многу важно СЈО да си ја заврши работата за која што беше формирано за да се расчистат сомнежите дали некој вршел злоупотреба и затоа затоа меѓународната заедница се залага за продолжување на мандатот.
Тој во интервју за Телевизија Сител рече дека „оваа институција се соочи со препреки и отежната соработка“.
Бејли изјави дека дека кога се потпишувал договорот за формирање на Специјалното јавно обвинителство никој не бил свесен со колкав материјал ќе се соочи оваа институција.
„Да се вратиме назад и да видиме која беше поентата за формирањето на СЈО, а тоа е да донесе одговорност за содржината од наводите кои произлегуваат од прислушуваните разговори. Не сум сигурен дека било кој тогаш беше свесен за обемот на работа со кој ќе се соочи СЈО“, рече амбасадорот Бејли.
„Многу е важно работата да се заврши до крај и да се утврдат фактите и да се расчистат сомнежите дали и кој вршел злоупотреба„, изјави Бејли во интервјуто за Телевизија Сител објаснувајќи зошто треба да се продолжи мандатот на СЈО.