МАРИЈА ЈАНИЧЕСКА Е НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕ – ОТА

    МАРИЈА ЈАНИЧЕСКА Е НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕ – ОТАЈаническа е дипломирана правничка и досегашна стручна соработничка за општи и заеднички работи во ОТА. (Фото: ОТА)

    Марија Јаническа е новата директорка на Оперативно техничката агенција (ОТА), откако денеска едногласно ја изгласаа 93 пратеници во Собранието. Таа доаѓа на местото на досегашниот директор Зоран Ангеловски.

    На огласот што беше објавен пред 30-тина дена се пријавија 21 кандидат, а пред околу еден месец заврши 5-годишниот мандат на Ангеловски без право на реизбор, па оттогаш ОТА функционираше без директор.

    45-годишната Јаническа е дипломирана правничка и досегашна стручна соработничка за општи и заеднички работи во Оперативно-техничката агенција. Предлогот беше утврден едногласно, а денеска доби двотретинско мнозинство и Бадентерова поддршка.

    ОТА беше формирана како самостоен државен орган по скандалот со масовното прислушување и Извештајот на експертската група на Европската комисија предводена од Герхард Прибе. Со повеќе законски измени, УБК доби наследник во АНБ која задржа голем дел од надлежностите, додека опремата за прислушување премина во ОТА.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира