МЕДИЈАТОРОТ ЛАЈЧАК СЕ КОНСУЛТИРАЛ СО ПЕНДАРОВСКИ ЗА СПОРОТ МЕЃУ БЕЛГРАД И ПРИШТИНА

    МЕДИЈАТОРОТ ЛАЈЧАК СЕ КОНСУЛТИРАЛ СО ПЕНДАРОВСКИ ЗА СПОРОТ МЕЃУ БЕЛГРАД И ПРИШТИНАЛајчак и Пендаровски, под кого се разузнавачките служби и Армијата, размените информации за најновиот развој на настаните во регионот. (Фото:СДК.МК)

    Преку видео-конференциска врска претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска разговарал со Мирослав Лајчак, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина. Соговорниците договорија редовна комуникација и размена на информации од заемен интерес во претстојниот период, вели кабинетот на Претседателот.

    „Двајцата соговорници разменија мислења и информации поврзани со најновиот развој на настаните во регионот, значењето на регионалната соработка и процесот на проширување на Европската Унија“, соопшти кабинетот на Пендаровски.

    Пендаровски, под кого се разузнавачките служби и Армијата, го информирал високиот претставник Лајчак и за актуелните состојби во Македонија и за спроведувањето на изборниот процес.

    „Во светло на обновувањето на дијалогот меѓу Србија и Косово, претседателот Пендаровски го истакна ставот дека придонесот на Европската Унија е повеќе од потребен со цел наоѓање прифатливо решение, кое ќе ја зајакне регионалната стабилност и во таа насока го поздрави значењето на мисијата што ја има специјалниот претставник Лајчак“, соопшти кабинетот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира