МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПЛУС 160 ДЕНАРИ ЗА НОЌНА РАБОТА

    МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПЛУС 160 ДЕНАРИ ЗА НОЌНА РАБОТА„И натаму бараме во 2018 година зголемувањето на платите да биде 15 отсто, и тоа нема да го потпишеме“, вели д-р Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на клиничките центри (Фото: СДК.МК)

    Медицинските сестри од Клиничкиот центар ќе добијат зголемување на надоместот за ноќен труд за 160 денари.

    Самостојниот синдикат на клиничките центри, каде најмногу членуваат медицински сестри од скопските клиники, но и медицински сестри од болниците во Тетово, Куманово, Бардовци, Кичево, Струга, денес го прифати предлогот на Министерството за здравство за зголемување на коефициентот на ноќниот труд на медицинските сестри од 0,29 на 0,50.

    Д-р Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на клиничките центри, вели дека првичната понуда од Министерството за здравство коефициентот да се зголеми на 0,40 или сестрите да добијат само плус 80 денари не го прифатиле.

    „Новата понуда ја прифативме и го потпишавме анексот на Колективниот договор. Според ова сестра со средна медицинска спрема ќе добие плус околу 160 денари за ноќен труд, односно со сегашните 241 денар, таа ќе зема 416 денари. Медицинска сестра со високо образование сега зема 296 денари, а со зголемувањето ќе зема околу 512 денари за ноќна смена“, вели д-р Беговиќ.

    Тој објасни дека на состанокот присуствувал и министерот за здравство Венко Филипче со кој било договорено да се направи и работна група која ќе работи на законски решенија за медицинските сестри.

    „Предлогот платите да се зголемат за 5 отсто за нас е неприфатлив. Ние и натаму бараме во 2018 година зголемувањето на платите да биде 15 отсто, и тоа нема да го потпишеме“, вели д-р Беговиќ.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира