МЕЃУ ПОМИЛУВАНИТЕ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СЕ И АРАЧИНОВЦИТЕ РАВМАНОСКИ И МАСЛАНИ, АПСЕНИ ЗА ОРУЖЈЕ И ДРОГА

    МЕЃУ ПОМИЛУВАНИТЕ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СЕ И АРАЧИНОВЦИТЕ РАВМАНОСКИ И МАСЛАНИ, АПСЕНИ ЗА ОРУЖЈЕ И ДРОГАПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова помилува десет осуденици. (Фото: СДК.МК)

    Освен поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова помилува уште девет осуденици, меѓу кои и арачиновците Акиф Равмановски и Шенол Маслани.

    Акиф Равманоски, познат и како Акиф Јусуфи, бил осуден за поседување нелегално оружје, а е дел од истрагата како осомничен за вооружен напад на скопјанец од пред осум дена, додека сè уште бил затвореник во „Идризово“, објави „Телма“. Неговата затворска казна е заменета со условна осуда.

    Со условна осуда е заменета и затворската казна на Шенол Маслани, кој во 2019 година беше уапсен во акција на полицијата како дел од група, која наводно му се заканувала на полициски службеник и пуштала во продажба наркотични дроги, но тогаш не му беше поднесена кривична пријава, објави „ТВ21“.

    Со условна осуда му е заменета и затворската казна на охриѓанецот Никола Трпчески.

    Членови на комисијата за помилување кај претседателката Силјановска-Давкова се: д-р Методија Каневчев (претседател), проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри- Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева-Ивановска и Ајтен Шаќири.

    Според одлуката објавена вчера во „Службен весник“, делумно ослободен од понатамошното издржување на затворската казна е ексградоначалникот Талевски, исто како и Мухарем Али од Скопје, Тодор Попов од Миравци, Томислав Симеонов од Скопје, Перо Кузмановски од Градско, Живко Делиџаков од Богородица, и Марјан Ефремов од Скопје, првообвинет во аферата „Шпион“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира