МИНИСТЕРОТ АЛИУ Ѝ ГИ ОДЗЕДЕ ИНГЕРЕНЦИИТЕ НА СТОМАТОЛОШКАТА КОМОРА, ВЕЛИ ДЕКА СО НЕВАЛИДНИ ЕДУКАЦИИ ИМ ПРОДОЛЖУВАЛА ЛИЦЕНЦИ НА СТОМАТОЛОЗИ

    МИНИСТЕРОТ АЛИУ Ѝ ГИ ОДЗЕДЕ ИНГЕРЕНЦИИТЕ НА СТОМАТОЛОШКАТА КОМОРА, ВЕЛИ ДЕКА СО НЕВАЛИДНИ ЕДУКАЦИИ ИМ ПРОДОЛЖУВАЛА ЛИЦЕНЦИ НА СТОМАТОЛОЗИ„Исто така, има сериозни сомнежи за финансиски злоупотреби на Комората, за кои финансиската полиција истражува и има прибавено обемна документација, за која верувам дека за брзо време ќе има и епилог“, кажа денеска Алиу (Фото:СДК.МК)

    Министерот за здравство Азир Алиу вчера по насоки на стручна комисија, поради констатирани неправилности, ѝ ги одзел овластувањата на Стоматолошката комора, која меѓу другото дава лиценци за работа на лекарите стоматолози.

    „Имајќи ја предвид одредбата од член 261, став 1, алинеја 4 од Законот за здравствената заштита, а врз основа на препораките на стручната комисија, донесов одлука, за времено одземање на јавното овластување на Стоматолошката комора. Од денес, Министерството за здравство ги презема надлежностите за лиценцирање, сè додека не воспоставиме систем кој ќе работи законито, транспарентно и професионално“, соопшти Алиу на денешната прес-конференција.

    Тој рече дека Стоматолошката комора е чувар на професионалните стандарди, дека таа одлучува кој стоматолог може да работи, преку издавање и продолжување на лиценци. Но, дека лиценцата не е парче хартија, туку е гаранција дека секој пациент е во сигурни раце, дека стоматологот е стручен, етички и е во чекор со светските трендови.

    „Но, надзорите и документите покажаа сериозни пропусти: се вршеле едукации преку нерегистрирани здруженија и сертификати кои неправилно се користеле за продолжување лиценци; се склучувале договори ретроактивно, спротивно на законот; најдени се одлуки и документи без потпис и со невалидна документација; Комората ја игнорирала привремената мерка и конечната одлука на Уставниот суд повеќе од една година, иако судот утврдил дека условите за стручно усовршување биле спротивни на закон. Исто така, има сериозни сомнежи за финансиски злоупотреби на Комората, за кои финансиската полиција истражува и има прибавено обемна документација, за која верувам дека за брзо време ќе има и епилог“, кажа денеска Алиу, кој додаде дека на Комората ѝ била дадена можност да ги отстрани недостатоците, но не го сторила тоа.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира