Водата во Дојранско Езеро е комплетно исправна за капење, не предизвикува опасност по здравјето на луѓето и нема потреба од никакви ограничувања, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров, пренесе државната агенција МИА.
Тој рече дека согласно направените мерења и директивите за исправност на водата за капење на Европската унија, Дојранското Езеро има исправна вода.
„Лабораториските анализи и резултати се точни, но ставени се во погрешен контекст“, рече Тодоров при посетата на Медицинскиот симулациски центар и објасни дека мерењата биле правени според патраметри кои биле напуштени во Европската унија.