МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА СЕ ПОФАЛИ ДЕКА НЕ ТРОШЕЛ ПАРИ ОД БУЏЕТОТ ЗА КАФЕАНИ ВО ВРЕМЕ КОГА НЕ НИ БИЛ МИНИСТЕР

    МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА СЕ ПОФАЛИ ДЕКА НЕ ТРОШЕЛ ПАРИ ОД БУЏЕТОТ ЗА КАФЕАНИ ВО ВРЕМЕ КОГА НЕ НИ БИЛ МИНИСТЕРЕдинствената грешка на објавата на министерот е дека во алатката се наведени трошоците на функционерите до мај годинава, а Адеми е министер од 4 јуни.(Фото: М. Златевска/ Фејсбук)

    Министерот за култура Асаф Адеми на својот профил на Фејсбук се пофали дека не потрошол ништо за кафиња, ручеци, за хотелско сместување и за превоз. Адеми објави принтскрин од сајтот на Владата на Македонија, на албански јазик,  преку Алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции.

    Единствената грешка на објавата на министерот е дека во алатката се наведени трошоците на функционерите до мај годинава, а Адеми е министер од 4 јуни.

    На податоците од алатката се повикуваат и неговите служби во Министерството за култура кои принтскринот од нула трошоци го ставиле како илустрација и на официјалната страница. Под илустрацијата со нула трошоци сепак пишува „Министерот за култура Асаф Адеми за време на својот мандат од 01.06.2018 год до 01.11.2018 има остварено само две патувања во странство во Тирана и Франкфурт и притоа има користено само еден авионски билет во вреднос од 7.286 денари.Во текот на својот мандат нема замено аванс од денарска каса и нема направено трошоци во каса Во репрезентација во бифе на министерство за култура за овој има направено само 2.565 денари“.

    Преку алатката може да се побараат трошоците на неговите претходници Роберт Алаѓозовски, Елизабета Канческа-Милевска, како и на сегашниот заменик-министер Владимир Лазовски, и на неговиот претходник Драган Недељковиќ.

    Министерот за култура Асаф Адеми на Фејсбук објави принтскрин од сајтот, каде на албански јазик е наведено дека има нула трошоци за службени патувања, ручеци и кафиња и на објавата има над 1.000 допаѓања и коментари со пофалби – Принтскрин од фејсбук профилот на Адеми.

    Неговата објава на Фејсбук има над илјада лајкови, а се појавија голем број на статуси по социјалните мрежи во кои луѓето го поддржуваат министерот и му велат дека неговата работа е за почит.

    „Вие сте пример за другите“, „Ова е човекот кој има нула трошоци за службена картичка, за службен телефон и за хотелско сместување. За сите овие работи плаќа од свој џеб. Лопови, можело и вака. Респект, царе“, „Секоја чест, царе“, „Ние сме горди на тебе“, се дел од статусите и коментарите на Фејсбук.

    Адеми се повикал на алатката и на официјалната веб страница на Министерството за култура каде е ставен принтскрин на кои се гледаат нула тропоци во време кога не бил министер.

    Адеми во јуни дојде на местотот на претходниот министер за култура Роберт Алаѓозовски. Тој по професија е градежен инженер, досега бил управен директор на канцеларијата на меѓународната компанија ИНСКЕЈЛ Глобал во Скопје, а има и дипломатска кариера како поранешен амбасадор во Данска. На изминатите локални изброи лани беше кандидат на Беса за градоначалник на Гостивар.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира