На официјалната интернет страница на Министерството за здравство може да се закаже онлајн средба со министерот за здравство Азир Алиу.
Средбите ќе се одржуваат секој петок, почнувајќи од 4 јули, а средбите може да се закажуваат веќе од денес. Термините се на 15 минути, во периодот од 11 до 15 часот. Треба да се остави име и презиме, телефонски број и тема за разговор со министерот. Нема ограничување на темите, рече министерот на денешниот брифинг.
Алиу вели дека се свесни за ризиците оти еден човек може да ги резервира сите термини, но ќе работат на унапредување на системот.
Страницата е достапна на англиски, македонски и албански.
„Работиме на тоа да им пружиме што е можно подобра здравствена заштита на сите лица во земјава“, кажа Алиу.
Б. НЕСТОРОСКА