МИНИСТЕРСТВОТО ЗА СПОРТ ВРАБОТУВА ПОМЛАД РЕФЕРЕНТ ЗА СКЕНИРАЊЕ ДОКУМЕНТИ ЗА НЕТО ПЛАТА ОД 27.000 ДЕНАРИ

    МИНИСТЕРСТВОТО ЗА СПОРТ ВРАБОТУВА ПОМЛАД РЕФЕРЕНТ ЗА СКЕНИРАЊЕ ДОКУМЕНТИ ЗА НЕТО ПЛАТА ОД 27.000 ДЕНАРИМинистерот за спорт Борко Ристовски во посета на Центарот за обука на МВР на 29 март 2025. (Фото: МВР)

    Агенцијата за администрација објави јавен оглас за вработување на еден државен службеник на позицијата Помлад референт за скенирање на документи во Министерството за спорт. Работното место е во Одделението за општи работи, во рамките на Секторот за правни и општи работи, а понудената нето плата за позицијата изнесува 27.012 денари.

    Според огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови за вработување како државни службеници, вклучувајќи македонско државјанство, активно користење на македонскиот јазик, полнолетство, општа здравствена способност и да немаат правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност.

    Посебните услови бараат завршено образование на ниво V А или IV според Македонската рамка на квалификации (180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО), или најмалку вишо или средно образование (гимназиско или стручно). Претходно работно искуство во струката не е задолжително. Од кандидатите се очекуваат и општи работни компетенции како учење и развој, комуникација, тимска работа и ориентираност кон странки.

    Дополнително, се бара активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски или германски).

    Работното време е од понеделник до петок, од 08:30 до 16:30 часот (40 часа неделно).

    Освен овој оглас, во Министерството за спорт има отворени уште пет работни позиции, и тоа: Советник за протокол, Одделение за општи работи, Сектор за правни и општи работи (нето плата 36.383,00 денари), Раководител на сектор за спортски објекти (нето плата 49.092 денари), Помошник раководител на сектор задолжен за општи работи и комуникација, Сектор за правни и општи работи (нето плата 43.821 денари), Советник за постоечки објекти за спорт, Одделение за управување со постоечки објекти за спорт, Сектор за спортски објекти (нето плата 36.383 денари) и Раководител на одделение за развој и унапредување на спортскиот систем, Сектор за спорт (нето плата 40.248 денари)

    Огласите се со важност од 26 април до 10 мај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира