МИЦКОСКИ ФАТЕН ВО ВНАТРЕШНОСТА НА КАФЕАНА, ВРАБОТЕНИТЕ ДВА ЧАСА НЕ ЈА ПУШТАЛЕ ИНСПЕКЦИЈАТА ДОДЕКА ГОСТИНОТ НЕ СИ ЗАМИНАЛ

    МИЦКОСКИ ФАТЕН ВО ВНАТРЕШНОСТА НА КАФЕАНА, ВРАБОТЕНИТЕ ДВА ЧАСА НЕ ЈА ПУШТАЛЕ ИНСПЕКЦИЈАТА ДОДЕКА ГОСТИНОТ НЕ СИ ЗАМИНАЛПо 2,5 часа инспекторите успеале да влезат во објектот, а во меѓувреме, немоќно гледале како излегуваат луѓе одвнатре, од забранетиот дел за гости, а меѓу кои наводно бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. - Боемска улица, каде што се одржа вонредната прес-конференција на Државниот пазарен инспекторат (Фото: СДК.МК)

    Во кафеана во Дебар Маало во Скопје, вечерва два ипол часа не биле пуштени инспектори од Пазарниот инспекторат, кои се посомневале дека во внатрешноста на локалот, што е забрането, има гости. Додека инспекторите чекале 2,5 часа сопственикот да ги пушти внатре, забележале како внатрешноста на кафеаната ја напушта претседател на политичка партија.

    Раководителката на инспекцискиот надзор за Скопје Мери Проја-Продановска, која штотуку од пред кафеаната ја соопшти оваа вест и апелираше на совеста на политичарите и носителите на јавни функции, нејќеше да го открие името на претседателот, а ни називот на партијата.

    Неофицијално, се работи за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

    „Вечерва Државниот пазарен инспекторат во редовни, односно вонредни надзори на територија на Скопје, околу 18.15 часот беше спречен да изврши увид во еден угостителски објект, со образложение дека објектот е од затворен тип и дека нема гости внатре. Колегите продолжија со контроли во другите угостителски објекти, но сепак се вратија кај овој, со уште една замолница да им биде отворено, за да извршат надзор. По 2,5 часа успеавме да влеземе во објектот, но пред тоа излегуваа луѓе, а ние не можеме и не смееме да легитимираме. Препознаен е политичар, односно претседател на политичка партија“, кажа Проја-Продановска.

    Таа им се обрати на политичарите, на носителите на функции, “да се свестиме веќе еднаш ситуацијата е повеќе од драматична. Јавната свест мора да ја има“, побара таа.

    Угостителскиот објект ќе добие кривична пријава по членовите 205 и 206 за непочитување на владините мерки против ширење на коронавирусот, рече раководителката, зашто се објавуваше дејност во објектот и пријава за непочитување на инспекциски надзор.

    Во сила е сè уште забраната за вршење на дејност на угостителските објекти во внатрешноста, дозволено е да служат гости само во деловите т.н. летни тераси.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира