МИЦКОСКИ И СТАРМЕР ДОГОВОРИЈА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО

    МИЦКОСКИ И СТАРМЕР ДОГОВОРИЈА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВОМицкоски и Стармер се сретнаа на маргините на состанокот на Европската политичка заедница во Тирана. (Фото: Влада)

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска по средбата со премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер објави на Фејсбук дека е постигната согласност за договор за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

    Според објавата, станува збор за стратешки договор кој ја позиционира земјата во сферата на интересите и делувањето на Обединетото Кралство, една од највлијателните политички и економски сили во светот.

    „Овој договор претставува ново поглавје во односите меѓу двете држави и претставува клучна основа за подоцнежна економска и политичка соработка“, кажа Мицкоски, по средбата на маргините на состанокот на Европската политичка заедница во Тирана.

    Договорот е резултат на повеќемесечни преговори меѓу тимови од двете држави и содржи одредби за блиска соработка во повеќе клучни области.

    Подетално за договорот, Мицкоски утре ќе зборува на прес-конференција во Владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира