Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека не е против Закон за Јавно обвинителство, туку е против актуелниот предлог-закон, за кој вели дека е партиски закон на СДСМ.
Мицкоски на денешната прес-конференција предложи шестмина професори по уставно и казнено право да го напишат законот и додаде дека таков закон неговата партија безрезервно и без двоумење ќе го прифати. Како автори на новиот закон, тој ги предложи: Владо Камбовски, Гордана Силјановска, Никола Тупанчевски, Гордан Калајџиев, Тања Каракамишева и Гордана Лажетиќ.
Прес-конференцијата на Мицкоски доаѓа еден ден откако лидерот на СДСМ Зоран Заев кажа дека Собранието нема да се распушти на 12 февруари, ако не дотогаш не биде усвоен Законот за Јавно обвинителство.