ММФ ЌЕ НЕМА ВЕЌЕ ПОСТОЈАН ПРЕСТАВНИК ВО МАКЕДОНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ММФ ЌЕ НЕМА ВЕЌЕ ПОСТОЈАН ПРЕСТАВНИК ВО МАКЕДОНИЈА

    Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) веќе нема да има постојан претставник во Македонија, откако во втората половина на август ќе му истече мандатот на сегашниот преставник Патрик Гитон.

    Како што соопшти Гитон,  канцеларијата во Скопје ќе остане, за да се осигура „силно присуство и тек на комуникациите меѓу ММФ и земјата“.

    „Во носењето на оваа одлука ММФ го имаше предвид тоа што веќе нема потреба од посилно присуство на теренот, со оглед на тоа што немаме тековна програма со Македонија. Натаму, ќе продолжи да се одржува основната мисија на ММФ за надзор на микроекономскиот развој и политики, како и давање техничка помош“, се вели во изјавата на Гитон.

    Тој додава дека тимот на ММФ ќе продолжи редовно да доаѓа во Скопје за дискусии со властите и со претставници на граѓанското општество.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари